Речиси да нема човек на планетава кој не чул за Дизни. Слушајќи го ова име, брзо и лесно се присетуваме на карактерите од добро познатите анимирани и долгометражни филмови на оваа компанија, но и на популарните забавни паркови како Дизниленд и Светот на Дизни.
Овој меѓународен медиумски конгломерат остварува голем приход на годишно ниво, ангажирајќи преку 150,000 луѓе низ целиот свет. Но, големината на компанијата и нејзиниот филантропски пристап кон бизнисот се пресликува и во програмите за корпоративно донирање што континуирано ги спроведува.
Програмите за општествена одговорност на Компанијата Волт Дизни ја поддржуваат благосостојбата на децата и семејствата преку донации од материјален и нематеријален карактер, насочени кон организации кои се фокусираат на уметност и креативност, волонтерски активности, болници за деца, семејства на воени лица, како и на помош при елементарни непогоди.
Во 2012 година, вкупниот износ дониран за различни цели во рамки на постојаните програми што ги имплементира компанијата изнесувал повеќе од 292 милиони долари на глобално ниво, вклучувајќи монетарни донации и грантови за волонтирање. Притоа, вработените во компанијата придонеле со 586,259 часови волнтерски труд во непрофитни организации.
Како и многу други компании, Дизни спроведува програми со кои ги удвојува донациите што нејзините вработени ги даваат на непрофитни организации. Оваа можност ја имаат како вработените со полно работно време, така и оние на скратено, но со одредени програми истото се однесува и на членовите на семејствата на вработените, како и на пензионираните вработени.
Износот на индивидуланта донација по вработен што ја удвојува компанијата се движи од 25 до 15 000 американски долари.
Компанијата Дизни исто така нуди грантови за непрофитни организации во кои нејзините вработени избрале да волонтираат минимум 10 часа. Притоа, висината на грантот варира во зависност од бројот на волонтирани часови:
- 10-24 часови волонтирање –> грант од $100
- 25-49 часови волонтирање –> грант од $250
- 50-74 часови волонтирање –> грант од $500
- 75+ часови волонтирање –> грант од $1,000
Со оваа порграма, компанијата ги поттикнува вработените да приднесат што е можно повеќе со својот волонтерски труд и да обезбедат повисок износ за организацијата чии активности ги поддржуваат. Од почетокот на реализацијата на оваа програма, вработените на Дизни оствариле речиси 6 милиони часови волонтерски труд ширум светот.
Содржината на овој текст е оригинално објавена на: https://doublethedonation.com/blog/2013/02/spotlight-on-disney-a-leader-in-corporate-giving/