Партнери

За Европскиот Центар за непрофитно право
(The European Center for Not-for-Profit Law – ECNL)

Еarton924-c2e4aвропскиот Центар за непрофитно право е водечки европски истражувачки центар на полето на граѓанското општество и неговите правни аспекти, со седиште во Будимпешта. Овој Центар го промовира јакнењето на правната поддршка на полето на граѓанското општество во Европа, со фокус нa Централна и Источна Европа. Европскиот Центар за непрофитно право има за цел развој на експертиза и градење на капацитети на прашања од областа на правото кои ги допираат непрофитните организации и граѓанската партиципација. Визијата на Центарот е поддршка на плуралните демократии во регионот во кои што правната рамка обезбедува волонтерска акција во општествената структура.

Повеќе детали на: ecnl.org

Центар за даночна политика

taxЦентарот за даночна политика е здржение на граѓани од Република Македонија, формирано со цел да придонесе во креирањето, развојот и разбирањето на даночната политика и механизми на национално ниво. Членовите на здружението се експерти со долгогодишно искуство во даночната област кои своето знаење и ресурси ги ставаат на располагање на институциите и пошироката заедница воопшто. Во досегашното работење, еден од фокусите на Центарот за даночна политика беа даночните закони поврзани со работењето на здруженијата и фондациите, за кои имаат изготвено бројни анализи, истражувања, предлог измени и ресурсни публикации.

Контак адреса: cdpskopje@gmail.com