Прашај и научи

Прашања од граѓанска организација

Одговор од компанија – РеМедика:
Постои генерална стратегија на болницата, во која е инкорпорирано и општествено одговорното делување. Кои практики ќе се реализираат во текот на одредена календарска година, зависи од годишните цели (целите се поврзани со дејноста, временски ограничени и мерливи).
Ефектите ги мериме преку следење на реализацијата на поставените цели , односно поставаме општа цел, специфична цел ( како ќе дојдеме до општата) и индикатори за следење. (Пример : општа цел –зголемување на задоволството на корисниците на услугите, специфични цели – намалување на поплаки, воведување на нови методи, набавка на нова опрема која овозможува побрзо враќање на работна способност, имплементација на одреден стандард и тн), од тука произлегуваат индикаторите ( број на поплаки за одреден период – се бројат анкетни ливчиња и бројот на поплаки од вкупниот број, нова метода –таа и таа итн). Слични мерливи показатели поставуваме и кога станува збор за граѓанските организации.

Одговор од експерт:
Во Македонија, само мал број компании имаат стратегија за општествено-одговорно делување. Притоа, уште помал број од нив имаат ресурси кои се посветени исклучиво на подобрување на општествено-одговорните практики на компанијата. По таа аналогија, само дел од нив ги мерат ефектите од постигнатите резултати.

Што значи ова за граганскиот сектор?
Ова значи дека од една страна, недостигот на стратегија го отежнува пристапот на граганските организации за соработка низ официјални канали на комуникација, но од друга страна, оваа состојба остава широк простор за едуцирање, лобирање кај сопствениците и убедување во исправноста на одлуката, да се поддржи одредена активност.

Компаниите, независно дали имаат или немаат стратегија за ООП, треба да го препознаат својот деловен интерес за одржлив раст за да донесат одлука за поддршка на одреден проект. Значи, обврска на граганскиот сектор е да им презентираат аргументи за нивниот предлог, да понудат систем на следење и мерење на резултатите, и да им објаснат на менаџерите, како успешната реализација на активноста позитивно ке се одрази на бизнисот во целина.
Притоа, реалното претставување на ризиците и опасностите кои таа активност ги носи со себе може да биде вистински начин да се придобие довербата на бизнисите а со тоа и соработката.

Горан Лазаревски, Македонска мрежа на Глобалниот договор на ОН

Одговор од Искра Трајкоска, Идеал Шипка Битола:
Компанијата е отворена за поддршка на сите ГО што имаат проект со којшто навистина би се постигнале промени и придобивки не само за целната група на проектот и заедницата туку и за сите засегнати страни и учесници во проектот. Ние како компанија не се ограничуваме на ГО со кои имаме искуство во соработката, напротив ги охрабруваме и оние ГО што се нови или со коишто не сме биле досега во контакт. Ако ништо друго, барем им даваме поддршка и насоки како треба и како не треба да пристапуваат на компаниите при барањето на поддршка. Нашата стратегија како компанија, којашто е дел од групација, е да ја поддржува заедницата во која работи на сите начини кои ќе бидат од корист за граѓаните.

Одговор од Искра Трајкоска, Идеал Шипка Битола:
Најпрво пристапот на граѓанската организација (ГО) кон проблемот / идејата која сака да ја адресира. Да верува во она што сака да го направи, да „живее за и со“ проектот. Многу е важно ние како компанија да ја почувствуваме таа енергија и верба на ГО во проектот.
Потоа, се разбира, проектот со кој аплицира треба да е јасен, конкретен, со јасно дефинирани цели што сакаат да се постигнат. Секако, тука исто така одлучувачки фактор е и видот на поддршка што се бара, но и улогата на компанијата. Ние сакаме да градиме долги партнерски односи со ГО затоа што веруваме дека взаемната поддршка е важна за сите вклучени страни.

Одговор од Искра Трајкоска, Идеал Шипка Битола
Компанијата е отворена за поддршка на сите ГО што имаат проект со којшто навистина би се постигнале промени и придобивки не само за целната група на проектот и заедницата туку и за сите засегнати страни и учесници во проектот. Ние како компанија не се ограничуваме на ГО со кои имаме искуство во соработката, напротив ги охрабруваме и оние ГО што се нови или со коишто не сме биле досега во контакт. Ако ништо друго, барем им даваме поддршка и насоки како треба и како не треба да пристапуваат на компаниите при барањето на поддршка. Нашата стратегија како компанија, којашто е дел од групација, е да ја поддржува заедницата во која работи на сите начини кои ќе бидат од корист за граѓаните.

Одговор од Искра Трајкоска, Идеал Шипка Битола
Најпрво пристапот на граѓанската организација (ГО) кон проблемот / идејата која сака да ја адресира. Да верува во она што сака да го направи, да „живее за и со“ проектот. Многу е важно ние како компанија да ја почувствуваме таа енергија и верба на ГО во проектот.

Потоа, се разбира, проектот со кој аплицира треба да е јасен, конкретен, со јасно дефинирани цели што сакаат да се постигнат. Секако, тука исто така одлучувачки фактор е и видот на поддршка што се бара, но и улогата на компанијата. Ние сакаме да градиме долги партнерски односи со ГО затоа што веруваме дека взаемната поддршка е важна за сите вклучени страни.

Одговор од експерт:
Нефинансиската поддршка е одличен начин да се почне соработка со бизнисите, но и да се стекне доверба преку заедничка работа и комуникација. Постојат повеќе нефинансиски форми на поддршка што може да бидат многу полезни за вашата граѓанска организација.

Често, на фирмите им е погодно да обезбедат донации во добра и услуги. На пример некое студио за дизајн може да ве поддржи со тоа што ќе ги обмисли и дизајнира вашите промотивни материјали. Затоа, размислете за дејноста на фирмата. Друга форма е корпоративното волонтирање. Вработените во фирмата можат да дадат поддршка на вашата граѓанска организација со волонтерски ангажман. Дополнително, стручноста што ја поседуваат секторите во поголемите фирми може да ви биде од полза за да го изградите капацитетот на вашите вработени и на организацијата. Понекогаш советувањето е од голема полза.

Компанијата може да ви помогне заеднички да организирате активности за собирање средства од вработените на компанијата, од нивните бизнис партнери, клиенти и друго. Некои компании одлучуваат дел од профитот од посебен производ да го наменат за непрофитна цел. Социјалниот маркетинг е форма на соработка којашто во светот сè повеќе се применува. Целите и каузата на вашата организација можат да се поврзат со маркетинг кампањите на фирмата. Доколку сте организација со масовно членство фирмите можат да ве поддржат со посебни услуги, попусти и други поволности за вашето членство.

За повеќе информации за можните форми на соработка погледнете го нашето видео на оваа тема.

Одговор од бизнисмен
Многу е важно оној на кој му пристапувате да знаете дали има одговорност и моќ на одлучување во компанијата. На тој начин вашето барање директно ќе биде разгледано од меродавно лице. Сепак секогаш имајте ја предвид формалната структура на одлучување во една компанија. Најдобро е да се информирате однапред кому да се обратите. Секторите и лицата одговорни се разликуваат во различни фирми и можат да бидат од областа на односите со јавност, маркетинг, човечки ресурси или исклучително висок менаџмент. Разгледајте ја добро интернет страницата на компанијата или пак директно јавете се и побарајте да ви посочат контакт. Во тој случај преферирајте најпрвин да се обратите во писмена форма, па потоа договорете состанок.

Одговор од експерт:
ГО и бизнисите зборуваат на различни јазици и имаат различни стереотипи едни за други. Еве неколку совети поврзани со предизвиците со коишто ќе се соочите. Компаниите не се само извор на средства. Не ги замислувајте како ќесе со пари, туку разгледајте ги можностите за развивање на соработка што е од заедничко задоволство. Целата ваша комуникација со нив нека ја има оваа насока. Не форсирајте. Потребно е време да се развие доверба затоа немојте нападно да пристапувате. Сигурно и вие сте претпазливи кога избирате партнери од граѓанскиот сектор. Така и на потенцијалниот бизнис донатор му е потребно време да стекне доверба. Дополнително, не оставајте впечаток на повисока вредност. Тоа што сте непрофитна организација не ве прави поетични од бизнисите. Сите имаме доблести и маани.

Не работете брзоплето и повремено. Прибирањето средства и градењето однос со бизнисите е континуиран процес што не се сведува на повремено праќање писма. Немојте да одржите еден состанок и да ве снема, туку негувајте го односот. Дополнително, градете професионална релација. За тоа социјалните медиуми не се соодветни канали на комуникација. Не праќајте покани за пријателства на facebook на претставниците од бизнисот.

Не се обесхрабрувајте и не се откажувајте брзо. Некои пристапи ќе бидат поуспешни од други. Нема најуспешна формула, зaтоа обидувајте се и експериментирајте. Не барајте поддршка од компании со коишто не сакате јавно да се поврзете. Доколку не сакате вашата ГО да биде јавно поврзана со компанијата, тогаш не ѝ пристапувајте.

Одговор од експерт:
Нема втора шанса за прв впечаток, затоа добро подгответе се. На состанокот бидете десетина минути порано и генерално добро испланирајте го времето за што однапред треба да знаете колку време имате на располагање. Имајте план Б, ако нешто непредвидено се случи имајте начин да кажете сè што сте наумиле во помалку време.

Наједноставно е да си подготвите листа на прашања кои очекувате да ви бидат поставени и да размислите за јасни и прецизни одговори. Прашањата можат да вклучат: Што работите? За што ви е потребно поддршка? Каква? Колку средства? До кога ќе биде Колку и какви резултати очекувате? Каква корист има мојата фирма? Зошто е тоа важно? …

Не држете долги говори и избегнете го техничкиот јазик. Покажете интерес за што работи фирмите и разгледајте ги и другите опции за соработка освен финансиска поддршка.

Понесете од материјалите на вашата организација. Можеби нема да ги читаат, но тоа ќе остави впечаток. Дури и да ве одбијат на состанокот заблагодарете во посебен e-mail. Ако им е потребно време да размислат прашајте ги кога би сакале повторно да ги исконтактирате.

Погледнете го нашето видео на оваа тема.

Одговор од бизнисмен
Репутацијата е навистина важна кога фирмите одбираат со кој ќе соработуваат и кого ќе го поддржат. Вообичаено кога добиваме барање од некоја организација ја проверуваме нејзината репутација доколку не ја познаваме добро. Затоа е важно активно да комуницирате за вашата работа преку медиумите, доколку имате можност. Дополнително бидете активни и присутни на интернет. Важно е да имате ажурирана интернет страница и активни профили на социјалните мрежи каде често ќе објавувате информации поврзани за вашата работа.

Директниот контакт е секако многу важен и потрудете се да се прикажете во најдобро светло и да направите фирмата да се осигура во квалитетот на вашето работење. Пред отворено да побарате соработка повикајте претставници од бизнис секторот на некој од вашите настани или активности. Впечатокот и репутацијата се градат континуирано и важна е посветеноста на ова прашање.