За Конект
Конект е пионерска организација во Република Македонија што континуирано работи на поттикнување, промовирање и развој на приватното донирање и општествената одговорност. Со верба во националната способност и потенцијал за развој базиран на локални капацитети и ресурси, здружението на граѓани – Конект е основано во јуни 2008 година. Активностите на Конект вклучуваат работа и поддршка на деловни субјекти, поединци, граѓански организации и институции, како и градење на стратешки меѓусекторски партнерства за унапредување филантропијата и општествената одговорност. Конект зад себе има серија успешни проекти со повеќе значајни и релевантни интернационални организации и национални субјекти од општествената сфера и од бизнисот.
Повеќе за информации за работата на Конект: konekt.org.mk