memo-mk

Проектот, Креирање на овозможувачка средина за финансиска одржливост на граѓанските организации, има за цел да придонесе кон градењето силни и одржливи граѓански организации, способни успешно да мобилизираат средства од домашните компании како и да се вклучат во дијалог со приватниот сектор.

Овој проект се реализира со финансиска поддршка на Европската Унија (IPA 2009: EuropeAid/133-337/L/ACT/MK).
Способноста за мобилизирање на финансиски и други средства од компаниите кои работат во Република Македонија и намалувањето на зависноста од странските донатори, во голема мера влијае врз одржливиот развој на граѓанските организации во државата. Од тој аспект, неопходно е да се градат и поддржат нивните капацитети за соработка со приватниот сектор. Разбирањето на придобивките од филанторпијата и креирањето поволна законска рамка што ќе овозможи ползување на даночните бенефиции што следуваат при донирањето, дополнително придонесува во овај правец.

Затоа активностите предвидени за реализација во рамки на проектот се насочени кон:

  • Поставување темели за долгорочна и поттикнувачка рамка за филантропија и мобилизација на домашни ресурси врз основа на истражување и анализа;
  • Поддршка на засегнатите страни во креирањето и користењето на поттикнувачка правна средина за даночни олеснувања при донирање;
  • Подобрување на капацитетите на граѓанските организации за изнаоѓање и мобилизирање локални ресурси и воспоставување на долгорочна и одржлива соработка со приватниот сектор;
  • Промовирање на најдобрите практики и иницирање дебата за важноста на филантропијата и мобилизација на локални ресурси во градењето на силни заедници.

Зошто веб платформа?

Оваа дигитална платформа е креирана за да обезбеди помош, насоки, но и конкретни решенија за сите субјекти кои се заинтересирани за процесот на донирање, било како донатори или приматели на донации.

Тука сме да овозможиме ефикасна и ефективна поддршка во донирањето и прибирањето ресурси, но и да дадеме практични решенија за заштеда на време.

Со неколку зборови, целта е да се обезбедат сите клучни информации на едно место.

Што опфаќа платформата?

Водиме сметка да обезбедиме доволно информации за главната тема, во смисол на тоа што е донирање, како паметно да се донира, што овој процес значи за компаниите, а што за граѓанскиот сектор. Од друга страна, на заинтересираните страни им се ставени на располагање обработени и структуирани податоци за постоечки истражувања и анализи, реализирани проекти, како и важни факти и бројки од значење на темата.

Посебен сегмент завзема обработката на постојниот Закон за донации и спонзорства во јавните дејности. Ви ја нудиме сета поддршка во неговото спроведување.

Согласно искуствата и потребите на субјектите, платформата содржи практичен дел со креирани урнеци на основни документи потребни во процедурата предвидена во Законот за донации и спонзорства во јавните дејности.

Со цел да ги пресретнеме потенцијалните недоволно познати сегменти, во посебен дел ги сместивме најчесто поставуваните прашања и соодветните одговори.

Калкулаторот за даночните олеснувања е алатка која ќе помогне преку симулација финално да се пресметаат даночните олеснувања што Законот ги обезбедува за донаторите.

Имате дилеми?

Доколку по пребарувањата на податоците сеуште има отворени прашања, слободно контактирајте нѐ за дополнителни информации.

Дигиталната платформа е поставена како дел од проектот за Креирање на овозможувачка средина за финансиска одржливост на граѓанските организации.

Цели и активности Погледни!


memo-mk-bottom