zosto-da-doniram

  • Зашто сакам да помогнам
  • Затоа што знам дека некому му е потребна помош
  • Затоа што се идентификувам и соживувам со проблемот на другиот или на заедницата
  • Затоа што можам, сакам и знам да помогнам
  • Затоа што сум свесен дека во заедницата сите сме нераскинливо поврзани и дека сме дел од проблемите, но и дел од решенијата
  • Затоа што знам дека проблемот со кој денес се соочува другиот, утре може да биде мој или проблем на моите најблиски
  • Затоа што знам дека само ако сите сме вклучени, заедницата може ефективно да ги решава проблемите
  • Затоа што на тој начин потврдувам дека сум активен член на заедницата на која и припаѓам и се грижам за работите што се случуваат во неа
  • За да ги поттикнам и другите да размислуваат позитивно, да се вклучат во решавањето на проблемите на заедницата и да дадат придонес за развој на похумано, поправедно и поуспешно општество
  • Затоа што од општиот успех на заедницата зависи и мојот личен и успехот на мојата организација

Што е паметно донирање? Погледни!