Општа цел на проектот: Да придонесе за градење силни и одржливи граѓански организации способни успешно да мобилизираат локални ресурси и да се вклучат во дијалог со приватниот сектор

 

ЦЕЛ 1

Да се постават темели за долгорочна и поттикнувачка рамка за филантропија и мобилизација на локални ресурси врз основа на истражување и анализа;

Компонента 1
Мапирање на постоечката ситуација

Какви се ефектите од даночните олеснувања при донирањето и спонзорирањето? Проектот ќе овозможи анализа фокусирана на трошоците, придобивките, ефектите, предизвиците и ризиците при донирање и спонзорирање. Така ќе се зголеми локалното знаење за ефектите на донирањето и даночните што е корисноза идно насочување на политиките.

Ќе се спроведе и истражување на ставовите, верувањата и практиките за прибирање на ресурси и соработката помеѓу граѓанските организации и приватниот сектор. Добиените иследувања ќе бидат ползувани во дефинирањето на другите проектни активности како и за идни мерки за поврзување на граѓанскиот и приватниот сектор.

ЦЕЛ 2

Поддршка на локалните засегнати страни во креирањето и користењето на поттикнувачка правна средина за даночни олеснувања при донирање;

Компонента 2
Поддршка и мониторинг на спроведувањето на ЗДСЈД

Проектот ќе овозможи техничка поддршка на институциите во имплементацијата на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности (измет во февруари 2014). Ќе се поддржи подготовката на подзаконските акти и во соработка со институциите ќе придонесе за воспоставување на ефикасен систем за имплементација и мониторинг на спроведувањето на законот.

Корисниците на законот ќе бидат поддржани во спроведување и користењето на даночните бенефиции имајќи поедноставени информации алатки достапни на интернет.

Ќе се одржат три типа специјализирани работилници за релевелантните институции, даночните власти и сметководствените бироа што ќе овозможат хармонизирана имплементација за законот.

ЦЕЛ 3

Подобрување на капацитетите на ГО за изнаоѓање и мобилизирање на локални ресурси и воспоставување на долгорочна и одржлива соработка со приватниот сектор;

Компонента 3
Градење на капацитети на ГО за мобилизирање ресуси од приватниот сектор

Како да им се пристапи на корпоративните донатори? Во 4 града низ земјата ќе се одржат работилници за граѓанските организации на оваа тема.

Говорници од компаниите ќе ја прикажат нивната перспектива во врска со соработката со граѓанскиот сектор, граѓанските организации ќе добијат експертски совети за како да ги презентираат своите програми прет корпоративните донатори.

Дополнително, ќе биде објавена брошура што ќе содржи практични совети на оваа тема.

ЦЕЛ 4

Промовирање на најдобрите практики и иницирање дебата за важноста на филантропијата и мобилизација на локални ресурси во градењето на силни заедници

Компонента 4
Промоција на придобивките од филантропијата и мобилизирање ресурси

Конференција за филантропија фокусирана на: добри практики за мобилизација на ресурси од приватниот сектор, законската рамка и воспоставување на дијалог со приватниот сектор во рамки на општествената одговорност.

Ќе се промовираат измените на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности преку летоци и интернет.

Интернет алатките ќе овозможат добивање на релевантен одговор. Информациите за придобивките од филантропијата, начините за поврзување на ГО и бизнис секторот ќе бидат лесно достапни и презентирани во визуелна форма.

Ќе биде спроведена промотивна кампања со употреба на летоци што ќе информираат за користењето на Законот.

Превземи документ - Цели и Активности Превземи!